Турција

Балони на топол воздух со различни форми и фигури летаа над Кападокија

- Учесници од Турција и 27 земји со вкупно 40 балони го исполнија небото над Кападокија со уникатни форми, меѓу кои се издвојуваа дизајните во облик на „папагал“, „крава“, „автомобил“, „жаба“, „ракета“, „срце“ и „волк“.

Behçet Alkan, Ramazan Kösedağ  | 07.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
Балони на топол воздух со различни форми и фигури летаа над Кападокија

НЕВШЕХИР (АА) - Турскиот град Невшехир е осма локација на која се одржува „Фестивал на патот на културата низ Турција“, организиран од Министерството за култура и туризам на Турција. Фестивалот оваа година се организира во 20 турски градови, известува Анадолу.

Во рамките на фестивалот во Невшехир, се одржаа летови со балони на топол воздух, кои привлекоа големо внимание кај домашните и странските туристи.

Учесници од Турција и 27 земји со вкупно 40 балони го исполнија небото над Кападокија со уникатни форми, меѓу кои се издвојуваа дизајните во облик на „папагал“, „крава“, „автомобил“, „жаба“, „ракета“, „срце“ и „волк“. Балоните полетаа од Ѓореме и летаа приближно 30 минути над живописните долини на Кападокија.

Шарените балони, кои се издигаа над магичниот предел на Кападокија, создадоа прекрасен визуелен спектакл. Голем број туристи од Турција и од странство со воодушевување го следеа летот на балоните, фотографирајќи го овој несекојдневен настан.

Во рамките на фестивалот, покрај летовите со балони на топол воздух, се организираат и концерти, изложби, работилници и разни други културни активности.

Настанот „Фестивал на патот на културата низ Турција“ има цел да ги промовира историското и културното богатство на Турција, истакнувајќи ги културата и уметноста на секој град каде што се одржува.

„Фестивал на патот на културата низ Турција“ во Невшехир, Кападокија, трае од 2 до 10 август.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.