Турција

Акар за терористичките напади во севернa Сирија: „Турција ќе ги преземе сите потребни чекори“

„Што и да е потребно за заштита и обезбедување на нашите права и интереси, ќе биде завршено во вистинско време и место... Никој нека не се сомнева во тоа“

Sarp Özer   | 14.10.2021
Акар за терористичките напади во севернa Сирија: „Турција ќе ги преземе сите потребни чекори“ Фото: Arif Akdoğan/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ќе ги преземе сите потребни чекори кога ќе дојде вистинското време, изјави турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, во врска со терористичките напади врз турските сили во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Што и да е потребно за заштита и обезбедување на нашите права и интереси, ќе биде завршено во вистинско време и место... Никој нека не се сомнева во тоа“, изјави Акар во неговиот говор по повод новата академска година на Универзитетот за национална одбрана.

Тој ја даде оваа изјава еден ден откако министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека и Русија и САД се исто така одговорни за нападите на терористичката ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ.

Двајца припадници на турската полиција за специјални операции неодамна загинаа во северна Сирија, кога терористичката организација погоди оклопно возило со проектил.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција нема повеќе трпение поради повторните напади врз турските сили и територии во регионот.

Истакнувајќи дека Турција внимателно ги следи сите случувања на северот на Ирак и Сирија, Егејското Море, Источниот Медитеран и Кипар, Акар рече: „Наша должност е да ги заштитиме правата на нашата благородна нација и секој дел од нејзиниот закон.“

За договорите со САД и Русија за северна Сирија, турскиот министер Акар рече дека своите обврски Турција сериозно и внимателно ги исполнува.

„Ние ги исполнуваме нашите одговорности таму. Исто така, го правиме она што треба да го направиме во рамките на меѓународното право, во рамките на добрососедските односи во Егејското Море, Источниот Медитеран и Кипар“, рече Акар.

„Посветени сме на мирот и дијалогот“, додаде тој.

Тој повтори дека Турција нема да дозволи никаков свршен чин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın