Фудбалерот на Реал, Валверде, по натпреварот го удрил Баена од Виљареал
- Баена на Твитер објави дека е многу среќен поради победата на Сантијаго Бернабеу, но дека во исто време е „тажен поради нападот по натпреварот“

МАДРИД (АА) - Фудбалерот на Реал Мадрид, Фредерико Валверде, во саботата вечер наводно го удрил Алекс Баена, играчот на Виљареал, по натпреварот од шпанската Ла Лига што заврши со победа на „жолтата подморница“ од 2:3, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Баена на Твитер објави дека е многу среќен поради победата на Сантијаго Бернабеу, но дека во исто време е „тажен поради нападот по натпреварот“.
Уругвајскиот играч за врска, како што тврдат медиумите, реагирал со тупаници на пцовките што Баена наводно му ги упатил во текот на натпреварот, а кои се однесуваат на неговото неродено дете.
Шпанското радио „Кадена сер“ и други медиуми објавија дека доцна синоќа Валверде наводно го удрил Баена додека влегувал во автобус.
Баена негираше дека упатил навреди кон неродениот син на Валверде.
„Изненаден сум од она што се зборува за мене. Тотална невистина е дека сум го кажал тоа“, напиша Баена на Твитер.
Ниту еден клуб не се огласи по инцидентот.