Формула 1: На ред трката за Големата награда на Британија
Во рамките на ревидираната натпреварувачка сезона 2020 во Формула 1, поради пандемијата на новиот тип коронавирус, в недела се вози 4. овогодишна трка - Големата награда на Велика Британија
АНКАРА - Во рамките на ревидираната натпреварувачка сезона 2020 во Формула 1, поради пандемијата на новиот тип коронавирус, в недела се вози 4. овогодишна трка - Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстон долга 5,8 километри, сместена во регионот Нортхемптоншир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварувањето за полпозициите ќе се одржи в сабота со почеток во 15:00 часот, а трката е закажана за в недела, 2 август, со почеток во 15:10 часот. Победник на трката за Големата награда на Британија ќе биде возачот кој најбргу ќе ги извози 52-та круга на патеката Силверстон.
И петтата трка од оваа сезона во Формула 1 ќе се одржи на патеката во Силверстон на 9 август.
Досега возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, двапати се искачи на подиумот како победник, а еднаш неговиот клупски колега Валтери Ботас.
Табела на петтемина најуспешни возачи и тимови во Формула 1 пред трката за Големата награда на Британија:
- Пласман на пилоти
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) - 63 поени
2. Валтери Ботас (Финска) - 58 поени
3. Макс Верштапен (Холандија) - 33 поени
4. Ландо Норис (Велика Британија) - 26 поени
5. Александер Албон (Тајланд) - 22 поени
5. Серхио Перез (Мексико) - 22 поени
- Пласман на тимови
1. Мерцедес - 121 поен
2. Ред Бул - 55 поени
2. Мекларен - 41 поен
4. Рејсинг Поинт - 40 поени
5. Ферари - 27 поени