спорт

Усеин Болт се подготвува за првиот фудбалски настап во борба за професионален договор

Осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер во трчање на 100 и 200 метри, Болт, по завршувањето на атлетската кариера одлучи спринтерките да ги замени со копачки

Associated Press  | 28.08.2018 - Обновена : 28.08.2018
Усеин Болт се подготвува за првиот фудбалски настап во борба за професионален договор

Gosford

ГОСФОРД (АА) - Најбрзиот човек во светот, Усеин Болт, се подготвува за првиот настап во дресот на австралискиот фудбалски тим „Централ Коуст Маринерс“ (Central Coast Mariners) во обид да добие професионален договор, пренесува Anadolu Agency (AA).

Осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер во трчање на 100 и 200 метри, Болт, по завршувањето на атлетската кариера одлучи спринтерките да ги замени со копачки.

Во пресрет на октомврискиот почеток на австралиската А лига, Болт веќе една недела тренира со тимот Маринерс, и во петок ќе настапува на подготвителниот натпревар против аматерскиот тим на истиот клуб.

Иако мечот има ревијален карактер, за Болт тоа претставува своевиден испит за добивање професионален договор.

Во клубот се свесни за популарноста на Болт и очекуваат најмалку 12.000 гледачи на натпреварот што ќе се игра во Госфорд, што е три пати повеќе од просечната посетеност на стадионот за време на натпреварите во лигата.

„Се разбира дека ќе бидам нервозен, за мене тоа нема да биде само ревијален меч. Очекувам дека ќе правам грешки на теренот, но очекувам и дека ќе имам и причина да бидам горд на себе“, рече Болт.

Тренерот на Маринерс, Мајк Мулви, истакна дека на Болт ќе му даде шанса и додаде дека неговиот најголем проблем е навикнувањето на фудбалските тренинзи.

„Болт е добар, ги поседува основните вештини и тука нема проблем. Прашањето е дали ќе може тоа да го прави со брзината којашто се бара на теренот“, рече Мулви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın