спорт

УЕФА ги казни Килијан Мбапе, Антонио Рудигер и Даниел Себаљос од Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид направија провокативни гестови кон трибините на Атлетико Мадрид додека славеа

Selçuk Buğra Gökalp  | 04.04.2025 - Обновена : 09.04.2025
УЕФА ги казни Килијан Мбапе, Антонио Рудигер и Даниел Себаљос од Реал Мадрид

АНКАРА (АА) - Контролното, етичко и дисциплинско тело на Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) им изрече условна казна неиграње еден натпревар на Килијан Мбапе и Антонио Рудигер од Реал Мадрид, известува Анадолу.

Рудигер е казнет со 40.000 евра, а Мбапе со 30.000 евра, покрај казната од еден натпревар неиграње поради „потенцијално кршење на основните правила за пристојно однесување“, се вели во соопштението на УЕФА.

Во соопштението се додава дека казната за неиграње натпревари не се спроведува веднаш, туку е условна во период од една година.

Даниел Себаљос, уште еден играч на Реал Мадрид, е казнет со 20.000 евра поради „потенцијално кршење на основните правила за пристојно однесување“, но не доби казна од еден натпревар неиграње.

На 12 март, Реал Мадрид победи во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид по изведувањето на ударите од белата точка, а Мбапе, Рудигер, Себаљос и Винисиус Јуниор направија провокативни гестови кон трибините на Атлетико за време на прославата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.