Турција со победата над Шведска се пласираше во четвртфиналето на Евробаскет
- Во четвртфиналето закажано за 9 септември, Турција ќе игра против победникот од натпреварот Босна и Херцеговина - Полска

РИГА (АА) – Турската кошаркарска репрезентација стана првиот четвртфиналист на Евробаскетот откако ја победи Шведска со 85:79 во осминафиналниот натпревар што денес се одигра во Рига, известува Анадолу.
Шведска поуспешно го започна натпреварот во Арена Рига, главниот град на Латвија, и првата четвртина ја заврши со водство од 23:20. Шведска водството го задржаа и на крајот од втората четвртина, заминувајќи на полувремето со резултат 42:37.
Со почетокот на второто полувреме Турција приреди целосен пресврт, добивајќи ја третата четвртина со резултат 26:13 и ја презеде контролата врз натпреварот, со водство од 63:55.
Четвртата четвртина донесе нова неизвесност. Иако Турција имаше десет поени водство, Шведска успеа да израмни, а победникот на средбата беше решен во последните минути.
Избраниците на тренерот Енгин Атаман на крајот успеаја да ја одржат својата предност и извојуваа победа со резултат 85:79.
Алперен Шенѓун беше најефикасниот играч во редовите на Турција со 24, а Џеди Осман постигна 17 поени.
Најпрецизни кошаркари во редовите на Шведска беа Луде Хакансон со 16 и Пеле Ларсон со 15 поени.
На Евробаскет денес се играат три осминафинални натпревари: Германија - Португалија, Литванија - Латвија и Србија - Финска.
Во четвртфиналето закажано за 9 септември, Турција ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Полска.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.