спорт

Сите македонски репрезентативци се негативни на Ковид-19 пред стартот на Европско првенство во фудбал 2020

- Ниту еден фудбалер, ниту член на стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Северна Македонија не се позитивни на Ковид-19 пред почетокот на Европско првенство во фудбал 2020

Bakir Tiro  | 12.06.2021 - Обновена : 13.06.2021
Сите македонски репрезентативци се негативни на Ковид-19 пред стартот на Европско првенство во фудбал 2020 Фото: Архива / Агенција Анадолија

БУКУРЕШТ

Ниту еден фудбалер, ниту член на стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Северна Македонија не се позитивни на Ковид-19, соопштија од националниот тим пред дебитантскиот историски настап на Европското првенство, известува Агенција Анадолија (АА).

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски го извршија последното задолжително тестирање за коронавирусот пред утрешниот историски натпревар за Северна Македонија против Австрија во Букурешт, главниот град на Романија.

Својот прв натпревар на Европското првенство 2020, репрезентацијата на Северна Македонија, во рамките на групата Ц, ќе го одигра утре (13 јуни) против Австрија. Натпреварот започнува во 18:00 часот.

На 17 јуни С. Македонија во Букурешт ќе игра против Украина, а на 21 јуни во Амстердам ќе ги одмери силите со Холандија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.