спорт

Реал Мадрид и Серхио Рамос се разделуваат по 16 години

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид со писмено соопштение објави дека Серхио Рамос денес ќе се прости од претседателот Флорентино Перез во спортскиот објект „Реал Мадрид Сити“, по што ќе одржи прес-конференцијата.

Şenhan Bolelli  | 17.06.2021 - Обновена : 18.06.2021
Реал Мадрид и Серхио Рамос се разделуваат по 16 години

МАДРИД 

Серхио Рамос, кој не успеа да се договори за обновување на договорот со Реал Мадрид, кој истекува на 30 јуни, го напушти тимот за кој играше 16 години и беше негов капитен, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид со писмено соопштение објави дека Серхио Рамос денес ќе се прости од претседателот Флорентино Перез во спортскиот објект „Реал Мадрид Сити“, по што ќе одржи прес-конференцијата.

Триесет и петгодишниот дефанзивец Рамос, кој во Реал Мадрид премина од Севилја летото 2005 година, беше капитен на тимот од сезоната 2015/2016.

Рамос во дресот на Реал Мадрид петпати беше фудбалски шампион на Шпанија, четирипати го освои шпанскиот Суперкуп, на двапати го освои Купот на кралот, четирипати ја освои титулата првак на УЕФА Лигата на шампиони, освојувач е на три суперкупа на Европа, четирипати беше првак на Светското клупско првенство на ФИФА.

Шпанскиот печат напиша дека Реал Мадрид му понудил на Рамос едногодишен договор со 10 проценти намалување на неговата плата, но шпанскиот фудбалер сакал договор на најмалку две сезонски.

Рамос, кој минатата сезона имаше сериозни проблеми со повредите, според некои тврдења, од идната сезона ќе ги брани боите на англиски клуб.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.