спорт

НБА: Филаделфија Севентисиксерс го совлада Бостон Селтикс, Милвоки Бакс загуби од Голден Стејт Вориорс

- Атланта Хоукс против Њу Орлеанс Пеликанс во третата четвртина имаше 11 од 11 прецизни удари за 3 поени, запишувајќи се во историјата на НБА како екипа која во една четвртина успеала да има најголем број на удари за 3 поени со 100 % успех.

Hüseyin Burak Demirer   | 07.04.2021
НБА: Филаделфија Севентисиксерс го совлада Бостон Селтикс, Милвоки Бакс загуби од Голден Стејт Вориорс

АНКАРА

Во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), Филаделфија Севентисиксерс како гостин го совлада Бостон Селтикс со 96:106, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 8 натпревари во НБА. Екипата на Филаделфија Севентисиксерс која го дели првото место во Источната конференција заедно со Бруклин Нетс со 35 победи и 16 порази, на гости го совлада Бостон Селтикс.

Џоел Ембид, центарот на Севентисиксерс, прикажа најдобар перформанс на овој натпревар постигнувајќи 35 поени, 6 скока, 1 асистенција. Дени Греј постигна 17 поени, 2 скока, 1 асистенција, Бен Симонс постигна 12 поени, 6 асистенции, 3 украдени топки, додека турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз натпреварот го заврши со 10 поени, 3 скока.

Во редовите на Бостон Селтикс, Џејсон Татум постигна 20 поени, 4 скока, 4 асистенции, Џејлен Браун постигна 17 поени, 3 скока, а Кемба Волкер и Маркус Смарт постигнаа по 14 поени.


- Хоукс го урна рекордот во тројки

Атланта Хоукс на домашен терен ја пречека екипата на Њу Орлеанс Пеликанс, совладувајќи ја со резултат 123:107 и ја постигна својата четврта последователна победа.

Во третата четвртина од натпреварот, Хоукс имаше 11 од 11 прецизни удари за 3 поени, запишувајќи се во историјата на НБА како екипа која во една четвртина успеала да има најголем број на удари за 3 поени со 100 % успех.

Во редовите на Хоукс, дабл-дабл постигнаа Тре Јанг со 30 поени, 12 асистенции и Клинт Капела со 12 поени, 12 скока. Богдан Богдановиќ на овој натпревар постигна 21 поен, 4 скока, 4 асистенции, а Кевин Ертер натпреварот го заврши со 17 поени, 3 скока, 2 асистенции.

Во таборот на Пеликанс најпрецизен беше Зион Вилијамс со 34 поени, 5 скока, а Лонзо Бол постигна дабл-дабл од 12 поени, 11 асистенции и 9 скока.


Резултати

Индијана Пејсерс - Чикаго Булс 97:113

Бостон Селтикс - Филаделфија Севентисиксерс 96:106

Торонто Репторс - Лос Анџелес Лејкерс 101:110

Атланта Хоукс - Њу Орлеанс Пеликанс 123:107

Мајами Хит - Мемфис Гризлис 112:124

Денвер Нагетс - Детроит Пистонс 134:119

Лос Анџелес Клиперс - Портланд Треил Блејзерс 133:116

Голден Стејт Вориорс - Милвоки Бакс 122:121


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın