спорт

Кристијано Роналдо: Ја почитуваме Северна Македонија

„Ги почитуваме, бидејќи со резултатите таа репрезентација заслужи да биде во финалето на плејоф пласманот за Светското првенство во Катар“, рече Роналдо

Bakir Tiro  | 28.03.2022 - Обновена : 29.03.2022
Кристијано Роналдо: Ја почитуваме Северна Македонија

ПОРТО (АА) - Македонија е тим кој мора да се почитува, изјави денеска Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и фудбалер на репрезентацијата на Португалија, која утре во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство „Катар 2022“ ќе игра против Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Португалците утре ќе ги измерат силите со Македонците од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто.

„Ги почитуваме, бидејќи со резултатите таа репрезентација заслужи да биде во финалето на плејоф пласманот за Светското првенство во Катар“, рече Роналдо.

Во полуфиналето од квалификациите за Светското првенство, Северна Македонија направи планетарна сензација, бидејќи на 24 март оваа година во Палермо го изненади актуелниот првак Италија, славејќи 1:0 со голот на Александар Трајковски во судиското време на натпреварот.

„Северна Македонија успеа да изненади неколку квалитетни противници, но се надевам дека тоа нема да се случи утре“, истакна Роналдо.

На официјалната конференција за медиумите Роналдо беше запрашан „дали ќе биде Светско првенство без него“, на што тој одговори:

„Нема Светско првенство без Португалија. Ние сме тим, не сме поединци.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.