Кошаркарите на Франција го освоија третото место на Светското првенство во Кина
Франција и Австралија одиграа доста тежок натпревар во борбата за третото место на Светското првенство, што го потврдува и крајниот резултат од 67:59 во корист на Французите
ИСТАНБУЛ (АА) - Со победата над Австралија, кошаркарската репрезентација на Франција освои бронзен медал на Светското првенство кое се игра во Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Франција и Австралија во салата „Вукесонг“ одиграа доста тежок натпревар во борбата за третото место на Светското првенство, што го потврдува и крајниот резултат од 67:59 во корист на Французите.
Австралијците мечот го започнаа подобро и во првата четвртина го презедоа водството со резултат 16:11, а првото полувреме го завршија со предност од 30:21.
И на крајот од третата четвртина, Австралијците имаа предност од 46:42, но во последните десет минути Французите играа многу порешително и дојдоа до убедлива победа од 67:59.
Најдобар поединец на натпреварот беше Французинот Нано де Коло со 19 поени, а во редовите на поразената Австралија се издвои Џо Инглс со 17 поени.