Конференциска лига: Шкендија совладана од Дрита во Приштина
Со оваа победа, Дрита се искачи на осмото место со 8 бода, додека шампионот на Северна Македонија, Шкендија, остана со 4 бода
ПРИШТИНА (АА) – Фудбалскиот тим Дрита од косовско Гнилане, го совлада тимот на Шкендија од Тетово со резултат од 1:0 во натпреварот од четвртото коло на групната фаза од Конференциската лига, јавува Анадолу.
Натпреварот го следеа околу осум илјади навивачи, голем дел навивачи на Дрита, но и на Шкендија кои дојдоа од Северна Македонија, на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.
Во првото полувреме имаше можности за гол од двата тима, но голот на Арб Манај во 20. минута му донесе водство на тимот на Дрита, високиот напаѓач на Дрита постигна гол со лесен удар од шеснаесетникот.
Во второто полувреме, Шкендија имаше повеќе шанси да израмни, но најсериозна беше на Лиридон Латифи, кој го загрози голот на Дрита во 56. минута погодувајќи ја пречката од слободен удар, но можноста не се реализира со гол.
Со оваа победа, Дрита се искачи на осмото место со 8 бода, додека шампионот на Северна Македонија, Шкендија, остана со 4 бода.
Во следното коло од Конференциската лига, екипата на Шкендија ја чека дуелот со Слован Братислава, додека Дрита игра со АЗ Алкмар.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
