спорт

Квалификации за Лига на шампионите: Црвена Звезда ја совлада екипата на Тирана

Натпреварот се одигра на стадионот „Ер Албанија" во Тирана, во кој победи гостинскиот тим од Белград. Кон средината на второто полувреме гостинската екипа обезбеди водство со 0:1

Fatjon Cuka  | 26.08.2020 - Обновена : 26.08.2020
Квалификации за Лига на шампионите: Црвена Звезда ја совлада екипата на Тирана Foto: Olsi Shehu/ Anadolu Agency

ТИРАНА

Фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Тирана и Црвена Звезда кој се одигра во рамките на второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите заврши со резултат 0:1, јавува Агенција Анадолија (АА).

Натпреварот се одигра на стадионот „Ер Албанија" (Air Albania) во Тирана, во кој победи гостинскиот тим од Белград. Кон средината на второто полувреме гостинската екипа обезбеди водство со 0:1, а голот го постигна португалецот Томане.

Оваа победа на Звезда и донесе премин во третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Поради мерките против ширењето на коронавирусот (Ковид-19) натпреварот се одигра без присуство на навивачи на трибините. Стотици навивачи на тимот на Тирана се собраа во локалите во главниот град на Албанија, со цел да го поддржат нивниот тим.

Стотици припадници на полицијата беа распоредени низ градот за да осигураат безбедност и да се спречат евентуални инциденти, спречувајќи ги навивачите да се соберат на плоштадите, што е и една од превентивните мерки против ширењето на Ковид-19.

Екипите на Црвена Звезда и Тирана прв пат се сретнаа во 1945 година, кога во Тирана одиграа пријателски меч.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.