спорт

Квалификации ЕВРО 2024: Шпанија загуби од Шкотска, Косово ремизираше против Андора

- Синоќа се одиграа 7 натпревари во групите А, Д и И од квалификациите за учество на УЕФА Европското првенство ЕВРО 2024

Kemal Zorlak  | 29.03.2023 - Обновена : 29.03.2023
Квалификации ЕВРО 2024: Шпанија загуби од Шкотска, Косово ремизираше против Андора Фото: Кадир Кемал Бехар / АА

СКОПЈЕ (АА) - Синоќа се одиграа последните 7 натпревари од 2. коло од квалификациите за УЕФА Европското првенство 2024 во групите А, Д и И, јавува Анадолу.

Во групата А селекциите на Грузија и Норвешка одиграа нерешено 1:1, додека во истата група, репрезентацијата на Шкотска направи големо изненадување и на домашен терен со 2:0 го совлада поранешниот европски и светски шампион, селекцијата на Шпанија.

Во групата Д, Хрватска како гостин извојува победа над Туркије од 0:2, а во истата група Велс како домаќин ја совлада Латвија со 1:0.

Во групата И се одиграа три средби. Репрезентацијата на Косово дома ремизираше против Андора 1:1.

Во вториот натпревар од оваа група, селекцијата на Романија на домашен терен ја совлада Белорусија со 2:1, а во последната средба Швајцарија како домаќин со резултат 3:0 го совлада Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın