Касано: Роналдо би можел да добие забрана од две години
„Си замина пред завршувањето на натпреварот? Тоа никако не смее да го направи поради антидопинг контролите“

РИМ
Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, синоќа во мечот против Милан во 55. минута од игра го извади од игра Кристијано Роналдо, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Меѓутоа, Португалецот во 87. минута го напушти стадионот, пред да заврши натпреварот, што предизвика вистинска полемика во Италија.
Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано дури смета дека Роналдо може да добие забрана за играње во времетраење од две години, а истата казна му се заканувала и нему.
„Си замина пред завршувањето на натпреварот? Тоа никако не смее да го направи поради антидопинг контролите“, рече Касано.
Ако ова се покаже како точно, Роналдо навистина би можел да биде казнет.
Според правилникот, изгбегнувањето на антидопинг контролите е казниво исто како и одбивањето на тестот за дрога.
Јувентус славеше со резултат 1:0 со голот на Пауло Дибала во 77. минута, фудбалерот кој на терен влезе наместо Роналдо.