ЕУРО 2020: Северна Македонија загуби од Украина со 2:1
Во првото полувреме, украинците поведоа со головите на Андриј Јармоленко во 29. минута и Роман Јаремчук во 34. минута, а за „црвено-жолтите“ погодок постигна Езѓан Алиоски

СКОПЈЕ
Репрезентацијата на Северна Македонија загуби со 2:1 од Украина во вториот меч на Европското првенство (ЕУРО 2020), во Букурешт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во првото полувреме, украинците поведоа со головите на Андриј Јармоленко во 29. минута и Роман Јаремчук во 34. минута, а за „црвено-жолтите“ погодок постигна Езѓан Алиоски, откако украинскиот голман го одбрани ударот, а Алиоски успеа од втор обид да постигне гол.
Пред крајот на натпреварот, во 84. минута, Украинците не реализираа пенал. Голманот Столе Димитриевски го одбрани ударот на Руслан Малиновски, но македонската репрезентација до крајот на натпреварот не успеа да го израмни резултатот.
Во првото коло од групата „Ц", репрезентацијата на Северна Македонија загуби од репрезентацијата на Австрија со 3:1, а избраниците на селекторот Игор Ангеловски во последното коло од фазата на групи играат со Холандија на 21 јуни, во градот Амстердам.
Вечерва, во другиот меч од групата „Ц", играат Холандија и Австрија.