спорт

ЕВРО 2020: Северна Македонија загуби од Холандија

Дебитантското учество на Европското првенство во фудбал, „црвено-жолтите" го завршија со три порази во групата Ц, во која беа и репрезентациите на Австрија и Украина.

Admir Fazlagic  | 21.06.2021 - Обновена : 22.06.2021
ЕВРО 2020: Северна Македонија загуби од Холандија ( Фото: ФФМ )

СКОПЈЕ 

Репрезентацијата на Северна Македонија со поразот против Холандија со резултат 3:0 го заврши историскиот прв настап на европските фудбалски првенства, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Дебитантското учество на Европското првенство во фудбал, „црвено-жолтите" го завршија со три порази во групата Ц, во која беа и репрезентациите на Австрија и Украина.

Последниот натпревар Северна Македонија го играше на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам, каде што избраниците на селекторот Ангеловски изгубија од Холандија со 3:0.

Мемфис Депај учествуваше во постигнувањето на сите три гола на Холандија. Првин, го совлада голманот Димитриевски во 24. минута, а потоа му асистираше на двојниот стрелец Вајналдум во 51. и 58. минута, со што Холандија постигна убедлива победа.

На денешниот натпревар од репрезентативниот дрес се прости капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

Во 68. минута од натпреварот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам, селекторот на „црвено-жолтите" го извади Пандев од игра, а „Гранде Пандев" се прости од репрезентативниот дрес со солзи во очите.

Пандев, кој има 37 години и уште е неизвесно дали ќе ја продолжи кариерата во италијанската Џенова, си заминува од репрезентацијата со рекордни 122 настапи и 38 постигнати голови.

Во текот на вчерашната прес-конференција Пандев во пресрет на натпреварот со Холандија, најави дека ова ќе биде неговиот последен натпревар во националниот тим.

Во репрезентативниот дрес, Пандев дебитираше во 2001 година. Тој е рекордер по број на настапи и голови во репрезентативниот дрес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.