Евертон го носи Сигурдсон за рекордни 45 милиони фунти
Сигурдсон денеска ќе пристигне на „Гудисон Парк“, за да изврши медицински преглед, а потоа се очекува да потпише договор со клубот од Ливерпул

Liverpool
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Фудбалскиот клуб Евертон продолжи да се зајакнува за сезоната, која започна минатиот викенд. Последно во серијата засилувања е исландскиот репрезентативец Гилфи Сигурдсон (27), кој доаѓа од Свонси за 45 милиони фунти (околу 49 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Сигурдсон денеска ќе пристигне на „Гудисон Парк“, за да изврши медицински преглед, а потоа се очекува да потпише договор со клубот од Ливерпул.
Со тоа, Исланѓанецот ќе стане најскапиот играч во историјата на Евертон. Претходниот рекорд го држеше Ромелу Лукаку, кој во 2014 година беше донесен од Челзи за 31,8 милиони фунти (околу 35 милиони евра).
Пред Сигурдсон, „карамелите“ ги доведоа Вејн Руни, Мајкл Кин, Џордан Пикфорд, Дејви Класен и Сандро Рамирез.
Исланѓанецот Сигурдсон поголемиот дел од својата професионална кариера ја помина во Англија. Започна во Рединг, каде што пристигна како тинејџер во 2005 година. Исто така има настапувано и за Кру Александра, Шрусбери Таун, Хофенхајм и Тотенхем. За репрезентацијата на Исланд настапуваше 50 пати и постигна 15 гола.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.