спорт

Денес на ЕВРО 2020 играат Австрија - С. Македонија, Англија - Хрватска, Холандија - Украина

- Денес во рамките на натпреварите на Европското фудбалско првенство 2020, репрезентацијата на Северна Македонија во 18:00 часот ќе игра против Австрија

Oktaj Omeragikj  | 13.06.2021 - Обновена : 13.06.2021
Денес на ЕВРО 2020 играат Австрија - С. Македонија, Англија - Хрватска, Холандија - Украина Фото: Илустрација / АА

СКОПЈЕ

Денес во рамките на натпреварите на Европското фудбалско првенство 2020, репрезентацијата на Северна Македонија ќе игра против Австрија, известува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на групата Ц, репрезентацијата на Северна Македонија се среќава со Австрија. Овие репрезентации досега одиграа два меѓусебни дуели, во кои Австрија извојува две победи. Натпреварот ќе се игра на стадионот Национална арена „Букурешт“, во главниот град на Романија, со почеток во 18:00 часот.

Денес, со почеток во 15:00 часот, во групата Д ќе се одигра дуелот меѓу репрезентациите на Англија и Хрватска. Досега овие две репрезентации одиграа 10 меѓусебни средби. Хрватска победи на 3 натпревари, 2 средби завршија без победник, а Англија 5 пати ја совлада Хрватска. Натпреварот се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Последниот денешен натпревар се игра вечерва меѓу репрезентациите на Холандија и Украина, кои се натпреваруваат во групата Ц. Досега овие две репрезентации имаат одиграно само два пријателски натпревари. Еден натпревар заврши со победа на Холандија, а вториот заврши без победник. Средбата се игра на стадионот „Јохан Кројф арена“ во Амстердам со почеток во 21:00 часот.


- Утре на програмата

На првиот натпревар закажан за утре, во рамките на групата Д се среќаваат репрезентациите на Шкотска и Чешка. Натпреварот се игра на стадионот „Хампден парк“ во Глазгов со почеток во 15:00 часот.

Овие две репрезентации досега одиграа 9 средби. И двете репрезентации извојуваа по 4 победи, а еден натпревар заврши без победник.

Во натпреварот од групата Е утре се среќаваат Полска и Словачка. Натпреварот ќе се игра на стадионот во рускиот град Санкт Петербург со почеток во 18:00 часот.

Во досегашните дуели Полска извојува 3 победи против Словачка, еден натпревар заврши без победник, а Словачка 4 пати ја совлада Полска.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.