Дебати за расизмот во англискиот фудбал
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Невил, поради расистичките напади ги повика фудбалерите да ги бојкотираат социјалните медиуми

ИСТАНБУЛ (АА) – Продолжуваат реакциите за расистичките напади против францускиот фудбалер Пол Погба, играч на Манчестер Јунајтед од англиската Премиер лига, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во ремито 1 : 1 со екипата на Вулверхемптон, во натпреварот од Премиер лигата, Погба промаши пенал, и затоа беше цел на расистички напади во социјалните медиуми. Погба доби поддршка од Фил Невил, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.
Четириесет и двегодишниот Невил, кој ја води женската репрезентација на Англија, истакнувајќи дека и играчите од репрезентациите се вознемирени, преку социјалните медиуми нагласи: „Твитер и Инстаграм ништо не преземаат во однос на тоа. Ве информираат дека водат истрага за темата и нема никакви резултати. Треба да ги затвориме своите профили на шест месеци и да испратиме силна порака и да ги видиме резултатите од тоа.“
Исто така и Тами Абрахам, кој го промаши последниот пенал на Челси на натпреварот во Супер купот, и фудбалерот на Рединг, Јаку Меите, кој минатата недела промаши пенал, истакнаа дека се изложени на расистички напади во социјалните медиуми.