Борба против коронавирусот: Федерер донира милион долари за најзагрозените семејства
„Ова се тешки периоди и никој не треба да биде заборавен...“

ЦИРИХ (АА) - Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка ќе донираат еден милион швајцарски франци (1,02 милиони долари) како помош на најзагрозените семејства во Швајцарија погодени од пандемијата на коронавирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Ова се тешки периоди и никој не треба да биде заборавен. Мојата сопруга Мирка и јас решивме да донираме еден милион швајцарски франци за семејствата во неволја во Швајцарија“, напиша Федерер на својот профил на Инстаграм.
Напоменувајќи дека оваа донација е само почеток, тој изрази надеж дека и други луѓе ќе се вклучат во акцијата за заеднички да им се даде поддршка на најзагрозените граѓани.
„Заедно можеме да ја надминеме оваа криза. Останете здрави“, напиша Федерер.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.