Арсен Венгер со поддршка до Месут Озил за „слободата на изразување“
„Тој не мора да ги споделува своите размислувања со сите, но има право да го каже тоа“, истакна 70-годишниот тренер Арсен Венгер

ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, за реакцијата на турскиот фудбалер Месут Озил, за кршењето на човековите права на ујгурските Турци во кинескиот автономен регион Синкјанг Ујгур (Источен Туркистан), рече дека е слобода на изразување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на прашањата на медиумите во Доха, главниот град на Катар, францускиот тренер Венгер рече дека како и сите други, и Месут Озил има право на слобода на изразување.
„Тој не мора да ги споделува своите размислувања со сите, но има право да го каже тоа“, истакна 70-годишниот тренер.
Венгер, истакнувајќи дека секој си има свои размислувања, рече дека приоритет на фудбалерите треба да биде играњето фудбал.
Месут Озил, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, се огласи по случувањата во кинеската провинција Синкјанг, каде што ујгурските муслимани се жртви на тортура и прогон.
Озил, на својот профил на социјалната мрежа истакна дека западните медиуми известувале за Источен Туркистан, а муслиманскиот свет молчел.
Кинеската централна телевизија (CCTV), по оваа реакција на Месут Озил не го емитуваше натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер сити.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.