Арсен Венгер објави повлекување од Арсенал
„По внимателно разгледување и разговор со луѓето од клубот, сметам дека е вистински момент да се повлечам“, соопшти Венгер

London
ЛОНДОН (АА) - Арсен Венгер, тренерот на Арсенал и техничкиот директор со најдолга тренерска кариера во англиската Премиер лига, денеска на официјалната интернет-страница на клубот објави дека одлучил, на крајот од сезоната, да се повлече од тренерската функција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„По внимателно разгледување и разговор со луѓето од клубот, сметам дека е вистински момент да се повлечам. Благодарен сум што ја имав можноста да му служам на клубот во текот на сите овие незаборавни години. Го водев клубот со целосна посветеност и интегритет. Би сакал да му се заблагодарам на персоналот, играчите, директорите и навивачите, кои овој клуб го прават посебен. Ги повикувам нашите навивачи да застанат покрај тимот. Сите симпатизери на Арсенал, грижете се за вредностите на клубот. Мојата љубов и поддршка се засекогаш“, вели Венгер во соопштението.
Францускиот фудбалски стручњак неодамна изјави дека неговиот сонародник Патрик Виера, поранешен играч на Арсенал, кој во моментов го води американскиот фудбалски клуб Њујорк сити, има потенцијал да го наследи на тренерската позиција.
Венгер на клупата на лондонскиот клуб седна во 1996 година. Во неговата кариера со Арсенал, Венгер успеа да освои 3 титули шампион на Англија и 7 ФА купови и суперкупови. Венгер (68) не прецизираше дали ќе се пензионира или ќе ја продолжи тренерската кариера во некој друг клуб. Пред доаѓањето во Арсенал, тој ги водеше екипите на Нанси, Монако и Нагоја Грампус.