Австралија: Двојна победа на Мерцедес на отворањето на новата сезона од Формула 1
Возачот на Мерцедес (Mercedes), Валтери Ботас, е победник на трката за Големата награда на Австралија, со која официјално се отвори и новата сезона од Формула 1
ИСТАНБУЛ (АА) - Возачот на Мерцедес (Mercedes), Валтери Ботас, е победник на трката која рано утрово се возеше за Големата награда на Австралија, со која официјално се отвори и новата сезона од Формула 1, јавува Anadolu Agency (AA).
Финскиот возач беше најбрз на патеката во Мелбурн, каде што возачите до целта мораа да минат 58 круга со должина од 5,3 километри.
Ботас стартуваше од втората позиција и веќе на почетокот на трката го престигна својот тимски колега Луис Хамилтон, кој тргна од најдобрата, стартна позиција, а трката ја заврши како второпласиран.
На победничкиот престол како третопласиран се качи Холанѓанецот Макс Ферштапен, кој вози во тимот на Ред Бул-Хонда (Red Bull Honda).
Следната трка на Формула 1 на распоредот е на 31 март и ќе се вози за Големата награда на Бахреин.