свет

14.000 детски чевли се изложени во Холандија во спомен на убиените деца во Газа

- Во холандскиот град Утрехт се изложени 14.000 детски чевли што ги симболизираат палестинските деца што загинаа во израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа

Gorana Jakovljevic  | 18.03.2024 - Обновена : 19.03.2024
14.000 детски чевли се изложени во Холандија во спомен на убиените деца во Газа Фото: Мунеб Тим

УТРЕХТ (АА) - Во Утрехт во Холандија се изложени 14.000 детски чевли што ги симболизираат палестинските деца што ги загубија животите во израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Заедно со чевлите се изложени и играчки, како и список со имињата на убиените деца, а на дел од чевлите имало и цвеќиња.

Израел започна со напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас и оттогаш се убиени најмалку 31.645 Палестинци, главно жени и деца, а 73.676 се повредени.

По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република на 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın