свет

„Ќе ја избришеме Москва од картата доколку Русија лансира ракета кон Брисел“, изјави белгискиот министер за одбрана

– Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, денес испрати остро предупредување до Русија, изјавувајќи дека секој ракетен напад врз Брисел би предизвикал решителен одговор од НАТО

Melike Pala  | 28.10.2025 - Обновена : 28.10.2025
„Ќе ја избришеме Москва од картата доколку Русија лансира ракета кон Брисел“, изјави белгискиот министер за одбрана

БРИСЕЛ (АА) – Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, денес испрати остро предупредување до Русија, изјавувајќи дека секој ракетен напад врз Брисел би предизвикал решителен одговор од НАТО, јавува Анадолу.

„Доколку (рускиот претседател Владимир) Путин лансира ракета кон Брисел, ќе ја избришеме Москва од картата“, изјави Франкен за белгискиот весник „Де Морген“, потенцирајќи ја обврската за колективна одбрана на Алијансата.

Тој ги отфрли сомнежите во американската поддршка кон НАТО под раководството на претседателот Доналд Трамп, додавајќи:„Пристрасноста против американската Влада во Европа е огромна. Неверојатно... Трамп јасно рече дека Америка ќе ги поддржува своите НАТО-сојузници 100 %. Крстосувачка ракета кон Брисел? Тоа е недвосмислено. Путин нема да го направи тоа“, изјави Франкен.

Сепак, министерот предупреди дека Русија не треба да се потценува.

„Русите ги зголемија своите воени капацитети. Нивната воена економија произведува четири пати повеќе муниција од сите земји на НАТО заедно. Европа дури и нема централизирана команда“, рече тој.

Франкен истакна и дека Москва се соочува со сериозни предизвици во Украина, „бидејќи се борат против целиот Запад. Украинците се борат со нашето оружје, муниција и пари. Без тоа, одамна ќе беа поразени“, додаде тој.

Гледајќи кон иднината, министерот предупреди на можноста од заеднички руски и кинески предизвик кон Западот.

„Кина сака војната во Украина да трае подолго, бидејќи тоа го ослабува Западот. Таа масовно купува руски суровини, снабдува оружје и е сосема задоволна што Путин користи севернокорејски војници“, рече Франкен.

Тој оцени дека голем руски напад врз балтичките држави е малку веројатен:

„Тие се членки на НАТО, на крајот на краиштата. Наскоро во Европа ќе имаме шестотини авиони Ф-35, а Русите се плашат од нив затоа што не можат да ги детектираат“, додаде белгискиот министер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.