свет

Холандија ги прогласи крајно десничарските израелски министри за персона нон грата

Според израелскиот јавен сервис КАН, на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и на министерот за финансии Безалел Смотрич им е забранет влез во Шенген-зоната

Betül Yılmaz  | 10.09.2025 - Обновена : 11.09.2025
 Холандија ги прогласи крајно десничарските израелски министри за персона нон грата

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) - Холандија денес прогласи двајца израелски министри од крајната десница за „персона нон грата“ поради поттикнување насилство врз Палестинците, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Според израелскиот јавен сервис КАН, на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и на министерот за финансии Безалел Смотрич им е забранет влез во Шенген-зоната, која опфаќа 25 земји од ЕУ и четири земји надвор од ЕУ, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Холандските власти не издадоа официјална потврда во врска со јавувањето на израелските медиуми.

Во јуни Холандија ја изрази својата намера да воведе забрана за влез на двајцата израелски министри.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.