Хамас соопшти дека се согласил да ослободи 10 израелски заложници
- Хамас истакна дека клучните прашања, меѓу кои протокот на хуманитарна помош, повлекувањето на израелските сили од енклавата и реалните гаранции за траен прекин на огнот, остануваат предмет на дискусија

ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинското движење на отпорот Хамас вечерва соопшти дека се согласило да ослободи 10 израелски заложници како дел од својата „флексибилност“ за постигнување договор за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.
Хамас „продолжува со своите интензивни и одговорни напори за да обезбеди успех на тековната рунда преговори, стремејќи се да постигне сеопфатен договор што ќе ја прекине агресијата врз нашиот народ, ќе обезбеди слободен и безбеден влез на хуманитарната помош и ќе ги ублажи големите страдања во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Хамас.
„Во својата посветеност на успехот на тековните преговори, движењето покажа потребна флексибилност и се согласи да ослободи 10 затвореници.“
Хамас истакна дека клучните прашања, меѓу кои протокот на хуманитарна помош, повлекувањето на израелските сили од енклавата и реалните гаранции за траен прекин на огнот, остануваат предмет на дискусија.
Делегациите од Хамас и Израел продолжуваат со преговорите во главниот град на Катар, Доха, за да се стави крај на војната што однесе повеќе од 57.000 палестински животи од октомври 2023 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.