свет

Тринаесет лица загинаа во ненадејни поплави и свлечишта во Индонезија

- Најмалку 13 лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати по ненадејните поплави и неколку свлечишта што погодија седум области и градови во индонезиската покраина Северна Суматра

Islam Uddin  | 26.11.2025 - Обновена : 26.11.2025
 Тринаесет лица загинаа во ненадејни поплави и свлечишта во Индонезија

АНКАРА (АА) - Најмалку 13 лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати по ненадејните поплави и неколку свлечишта што погодија седум области и градови во индонезиската покраина Северна Суматра, соопштија локалните власти денес, јавува Анадолу.

Потврдено е дека 13 лица загинаа и 37 се повредени од саботата, а три лица сè уште се водат како исчезнати, објави државната новинска агенција Антара, цитирајќи ја Вахјуни Панкасилавати, раководителка на Одделот за итни интервенции, опрема и логистика во Регионалната агенција за управување со катастрофи на Северна Суматра (BPBD).

Вахјуни рече дека последните денови во покраината се пријавени неколку свлечишта и ненадејни поплави.

Според агенцијата, обилните дождови и поплавите оштетија и 330 куќи, а 2.244 лица беа раселени во неколку области.

Во соседна Малезија властите соопштија дека 21.834 луѓе се раселени поради тековните поплави во неколку северни држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.