„Трамп ја задржа воената помош од над 400 милиони долари за Тајван за да ги олесни преговорите меѓу САД и Кина“
- Американскиот претседател Доналд Трамп ова лето ја задржа воената помош за Тајван во вредност од над 400 милиони долари за да ги унапреди трговските преговори и потенцијалниот самит со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, објави денес „Вашингтон пост“

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ова лето ја задржа воената помош за Тајван во вредност од над 400 милиони долари за да ги унапреди трговските преговори и потенцијалниот самит со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, објави денес „Вашингтон пост“, јавува Анадолу.
Пакетот помош за Тајван вклучувал понапредна и посмртоносна опрема од претходните договори, меѓу кои и муниција и автономни дронови.
Според извештајот, функционер на Белата куќа изјавил дека одлуката за пакетот помош сè уште не е финализирана.
И покрај паузата со финансирањето, дискусиите за идни продажби на оружје продолжуваат меѓу американските и тајванските претставници, со акцент на асиметрични системи како дронови и ракети.
Тајван планира да ги зголеми трошоците за одбрана на 5% од својот БДП до 2030 година за да ги зајакне воените капацитети во услови на регионални безбедносни предизвици.
Откако ја презеде функцијата, Трамп праќа нејасни сигнали кон Кина и Тајван, започна трговска војна, го обвини Тајпеј за кражба на технологија, и ги откажа одбранбените разговори и ги обесхрабри официјалните посети, додека воедно инсистира дека Кина нема да изврши инвазија врз Тајван за време на неговиот мандат.
Американскиот претседател и неговиот кинески колега денес телефонски ќе разговараат и се очекува да зборуваат за тарифите, билатералните односи, да финализираат договор за американското работење на „ТикТок“, како и можноста за закажување самит.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.