свет

Трамп вели дека прекинот на огнот во Газа останува на сила и покрај израелските напади

„Ќе се справиме (со тоа) правилно. Ќе се справиме строго, но правилно“

Alperen Aktaş  | 20.10.2025 - Обновена : 20.10.2025
 Трамп вели дека прекинот на огнот во Газа останува на сила и покрај израелските напади

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот во Газа останува на сила и покрај израелските напади во кои се убиени десетици луѓе во енклавата, нагласувајќи дека Вашингтон сака да обезбеди континуиран мир меѓу Израел и Хамас, јавува Анадолу.

„Ќе мора да видиме што се случува. Сакаме да бидеме сигурни дека ќе биде многу мирно со Хамас“, изјави Трамп пред новинарите на прашањето за најновите напади на Израел.

„Како што знаете, тие беа многу енергични. Тие пукаа. И мислиме дека е можно раководството да не е вклучено во тоа... знаете, некои бунтовници внатре“, рече тој.

„Но, во секој случај, ќе се справиме (со тоа) правилно. Ќе се справиме строго, но правилно“, додаде тој.

На прашањето дали прекинот на огнот останува на сила, американскиот претседател одговори: „Да“.

Претходно истиот ден, Владата во Газа соопшти дека најмалку 97 Палестинци се убиени, а 230 се повредени од страна на израелската армија откако е стапи на сила прекинот на огнот во Појасот Газа на 10 октомври.

Во соопштението Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа наведе дека „израелската окупација извршила 80 документирани прекршувања од прогласувањето на прекинот на огнот, што е грубо кршење на меѓународното хуманитарно право“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.