свет

„Тајмс“: Населението на Идлиб ја плаќа цената за неактивноста

„Воената акција секогаш има своја цена, но во Сирија се покажува дека и неактивноста има своја цена, а тоа го плаќа народот на Идлиб“

İlyas Tayfun Salcı   | 13.02.2020
„Тајмс“: Населението на Идлиб ја плаќа цената за неактивноста

ЛОНДОН (АА) - Британскиот весник „Тајмс“, во својот главен текст посветен на случувањата во Идлиб, напиша дека воената акција секогаш има своја цена, но во Сирија се покажува дека и неактивноста има своја цена, а тоа го плаќа народот на Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во написот објавен денес се истакнува дека во сириската криза, што влезе во својата 9-та година, половината од 22 милиони Сиријци се раселени, а 6 милиони од нив ја напуштиле земјата.

„Воената акција секогаш има своја цена, но во Сирија се покажува дека и неактивноста има своја цена, а тоа го плаќа населението на Идлиб“, се подвлекува во написот.

„Бомбардирањето на цивилните згради во Идлиб ги принудува луѓето да бегаат во услови на студено време“, се истакнува во написот и се предупредува дека како и во повеќето кризи во регионот и ефектите од оваа криза ќе се прошират во Европа.

„Веќе сега над 1 милион луѓе се раселени“, се нагласува во написот и се додава дека случувањата во Идлиб се закануваат и на договорот за бегалци постигнат меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ).

Весникот потсетува дека Турција воспоставила контакти со НАТО во врска со кризата во Идлиб и дека САД го осудиле сирискиот режим.

„Но тоа не значи дека со сигурност ќе пристигне помош. НАТО во 2012 година на границата меѓу Турција и Сирија распореди 6 ракетни системи, но по барање на Анкара во 2015 година ги повлече“, истакнува британски „Тајмс“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın