свет

Стотици протестираа во Меделин поради домашниот притвор од 12 години на поранешниот колумбиски претседател Урибе

- Урибе, кој има 73 години, доби максимална казна откако беше прогласен за виновен за манипулирање со сведоци и измама. Станува збор за историски момент бидејќи ова е првпат поранешен претседател на Колумбија да биде осуден за кривично дело.

Aida Cako  | 08.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
 Стотици протестираа во Меделин поради домашниот притвор од 12 години на поранешниот колумбиски претседател Урибе

СКОПЈЕ (АА) – Стотици приврзаници се собраа во Меделин вчера во знак на поддршка за поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе Велез, поради одлуката со која му се изрекуваат 12 години домашен притвор, јавува Анадолу.

Демонстрантите носеа транспаренти со пораки за солидарност, изразувајќи поддршка за Урибе и осудувајќи ја одлуката на судот.

Урибе е осуден на 12 години домашен притвор со пресуда што во петокот ја изрече судијката Сандра Хередија. Дополнително му е изречена и забрана за вршење јавна функција во траење од осум години, како и парична казна.

Урибе, кој има 73 години, доби максимална казна откако беше прогласен за виновен за манипулирање со сведоци и измама. Станува збор за историски момент бидејќи ова е првпат поранешен претседател на Колумбија да биде осуден за кривично дело.

Во текот на целиот процес поранешниот претседател упорно ја негираше вината. Најавена е жалба на одлуката.

Доколку Вишиот суд во Богота ја потврди пресудата на судијката Хередија, случајот може да биде проследен до Врховниот суд на правда, каде што и започна.

Судењето е од пред 13 години поради политичка дебата во Конгресот помеѓу Урибе и сенаторот Иван Сепеда, член на владејачката партија.

Тогаш Сепеда го обвини Урибе за наводни врски со екстремно десничарски паравоени групи во Колумбија.

Како одговор Урибе го пријави Сепеда во Врховниот суд на правда, тврдејќи дека сенаторот на незаконски начин барал сведоштва од поранешни паравоени затвореници, со цел да го поврзе со илегални вооружени групи.

Но во 2018 година Врховниот суд утврди дека нема доволно докази против Сепеда и го затвори предметот.

Истовремено, судот нареди истрага за Урибе за наводно манипулирање со сведоци за дискредитирање на политичкиот противник.

Во 2020 година судот нареди домашен притвор за Урибе. Пред донесувањето на оваа одлука, поранешниот претседател поднесе оставка од своето место во Сенатот, по што случајот премина во надлежност на обичниот судски систем.

Во мај 2024 година официјално се товареше за поткуп, измама и манипулација со сведоци. Обвинителството на Колумбија подоцна се обиде да го затвори случајот, но судот ја одби таа петиција.

Урибе останува најпопуларен десничарски лидер во Колумбија и клучна фигура во претседателските избори следната година.

Случајот предизвика големо внимание и во американските политички кругови, кои изразија загриженост дека судскиот систем на Колумбија се користи како политичка алатка против поранешниот претседател, па дури беа упатени и закани за намалување на финансиската помош.

Американскиот државен секретар Марко Рубио го осуди судењето на Урибе, тврдејќи дека станува збор за „политизирање на колумбиското судство“.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.