Рускиот опозиционер Алексеј Навални излезе од затвор
Навални ги покани луѓето да протестираат пред Градското собрание во Москва бидејќи беше откажана регистрацијата на независни кандидати, што сакаат да учествуваат на изборите за Градскиот совет во Москва

МОСКВА (АА) - Опозиционерот активист и основач на „Антикорупцискиот фонд“ во Русија, Алексеј Навални, излезе од затвор по 30-дневниот притвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Навални, Кира Јармиш, во изјавата на Твитер рече дека Навални ја отслужил казната и излегол од затвор.
На рочиштето во Окружниот суд Симоновскиј во Москва на 25 јули, Навални беше осуден на 30 дена затвор за повторното кршење на правилата за одржување демонстрации.
Навални ги покани луѓето да протестираат пред Градското собрание во Москва бидејќи беше откажана регистрацијата на независни кандидати, што сакаат да учествуваат на изборите за Градскиот совет во Москва.
Навални беше однесен во болница поради отекување на лицето и црвенило на кожата како резултат на тешка алергиска реакција во затворот. Тој поднесе барање до рускиот Истражен комитет со цел да ја испита можноста за труење во затворот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.