свет

„Репортери без граници“ повикуваат на ослободување на поранешниот уредник на АА, Тевфик Ганим, уапсен во Египет

Се повикуваат органите на ОН да ги преземат сите неопходни мерки против египетските власти за итно и безусловно ослободување на Ганим

Alaattin Doğru  | 22.07.2021 - Обновена : 26.07.2021
„Репортери без граници“ повикуваат на ослободување на поранешниот уредник на АА, Тевфик Ганим, уапсен во Египет

ПАРИЗ (АА) - „Репортери без граници“ упатија повик до Обединетите нации (ОН) за ослободување на поранешниот уредник на вестите за Блискиот Исток на Агенција Анадолија, Тевфик Ганим, кој е затворен во Египет два месеци, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата дадена од „Репортери без граници“ се наведува дека пензионираниот египетски новинар Ганим е приведен од неговиот дом од страна на безбедносните сили ноќта на 20. кон 21 мај и бил чуван на непознатa локација сѐ додека не е изведен пред државниот обвинител на 26 мај.

Притворот на Ганим од тој датум се обновува на секои 15 дена. „Репортери без граници“ испратија писма до Специјалните известувачи на ОН за слободата на изразување, тортурата, независноста на судиите, Специјалниот известувач на ОН за правото на здравје и Работната група на ОН за самоволни апсења, барајќи ослободување на новинарот.

Во писмото се повикуваат органите на ОН да ги преземат сите неопходни мерки против египетските власти за итно и безусловно ослободување на Ганим.

Безбедносните сили извршија рација во домот на 65-годишниот новинар Тевфик Ганим во Каиро без никаков налог за апсење и претрес и го приведоа на 21 мај.

Ганим е однесен на непозната локација до 26 мај, кога беше сослушуван во Врховното обвинителство за државна безбедност.

Се наведува дека Врховното обвинителство за државна безбедност повеќе се интересирало за кариерата на Тевфик Ганим како новинар и за неговата работа во рамките на АА, отколку за обвинувањата против него за пристапување кон терористичка група.

- Кој е Тевфик Ганим?

Ганим, кој има кариера повеќе од 30 години во новинарството, работеше како генерален директор на „Медиа интернешнал“ (Media International), медиумска компанија која беше пионер во развојот на дигиталното издаваштво и онлајн новинарството во арапскиот свет во периодот 1999 - 2010 година.

Ганим работеше како уредник на вести за Блискиот Исток во Агенција Анадолија (АА) од 2012 година до неговото пензионирање во 2015 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.