свет

„Патот на смртта“ во Боливија, еден од најопасните патишта во светот

- „Camino de las Yungas“ (Патот Јунгаш) е еден од најопасните светски патишта и во моментов е главна туристичка дестинација во Ла Паз, Боливија

Alma Dekovic  | 18.06.2022 - Обновена : 20.06.2022
„Патот на смртта“ во Боливија, еден од најопасните патишта во светот Фото: Луис Гандариљас / АА

ЛА ПАЗ (АА) - „Camino de las Yungas“, познат како „патот на смртта“, е еден од најопасните светски јавни патишта и во моментов е главна туристичка дестинација во Ла Паз, Боливија, известува Агенција Анадолија (АА).

Патот долг 64 километри, некогаш бил единствениот пат што ги поврзувал градовите Ла Паз и Короико во регионот Јунгас. На овој пат од 200 до 300 луѓе ги губеле животите, поради што во 1995 година е прогласен за најопасниот во светот.

Поради таквиот назив се стекна со голема популарност низ светот. Во меѓувреме е изграден нов пат кој оди по друга рута, а старата во последните години најчесто се користи во туристички цели.

Денес патот е најпосетен од велосипедистите и љубителите на адреналин, а годишно по овој пат минуваат околу 25.000 туристи.

Локалниот туристички водич Диего Дел Каприо истакна дека пред пристигнувањето на патот, прво се посетува светилиштето Апачет.

„Откако ќе добиеме дозвола, возиме со велосипеди по патот. Гледаме пејзаж од 180 степени и сведоци сме на формирање глечери среде геолошкиот процес и промените на времето“, објасни Дел Каприо.

Спустот по патот трае неколку часа. Стартот е на височина од 4.670 метри, а завршува на 1.100 метри во местото Јолоса.

Патот е широк речиси 3 метри, без ограда и што било друго, што на автомобилите би им дало сигурност.

Најтешката сообраќајна несреќа во Боливија се случи во јули 1983 година токму на овој пат, кога автобус излета во провалија и кога животот го загубија 100 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın