свет

Палестинците во Газа на раб на глад, израелската армија продолжува да ги напаѓа хуманитарните конвои

Палестинците во Појасот Газа се на раб на глад поради израелската блокада

Aida Cako  | 21.07.2025 - Обновена : 22.07.2025
 Палестинците во Газа на раб на глад, израелската армија продолжува да ги напаѓа хуманитарните конвои

СКОПЈЕ (АА) - Палестинците во Појасот Газа се на раб на глад поради израелската блокада, јавува Анадолу.

Израелската армија продолжува со нападите врз конвоите со храна и хуманитарна помош, со што дополнително се продлабочува хуманитарната криза во која се наоѓа палестинското население.

И покрај изјавите на Израел дека не цели кон цивилите, се појавија повеќе видеа на кои се гледа како израелските сили пукаат кон Палестинците кои се обидуваат да добијат хуманитарна помош.

На едно видео објавено од израелската армија се слуша како војниците велат: „Не отворај оган. Никој нема дозвола да пука.“

Хуманитарните организации предупредуваат дека ваквите дејства го загрозуваат опстанокот на илјадници семејства што веќе се подложени на глад и недостиг од медицински услуги.

Во услови кога 17.000 деца се соочуваат со тешка неисхранетост, а бројот на жртви од глад се зголемува, блокирањето на пристапот до помош може да има трагични последици по населението.

Според податоците на УНРВА, во Појасот Газа од октомври 2023 година досега од глад починале 86 жители на Газа, вклучително и 76 деца.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.