свет

Метеорит од Марс продаден за 5,3 милиони долари на аукција во Њујорк

- Метеоритот од Марс, наречен НВА 16788, тежи 25 килограми и беше откриен во пустината Сахара во Нигер во ноември 2023 година.

Asiye Latife Yılmaz  | 17.07.2025 - Обновена : 17.07.2025
 Метеорит од Марс продаден за 5,3 милиони долари на аукција во Њујорк

ИСТАНБУЛ (АА) - Метеорит за кој се верува дека е најголемо „парче“ од Марс на Земјата е продаден на аукција во Њујорк за 5,3 милиони долари, јавува Анадолу.

Метеоритот од Марс, наречен НВА 16788, тежи 25 килограми и беше откриен во пустината Сахара во Нигер во ноември 2023 година.

Според научниците, тој бил исфрлен од површината на Марс по силен удар од астероид, патувајќи 225 милиони километри до Земјата.

Метеоритите се парчиња од комети, астероиди или метеороиди што преживуваат при влегувањето во атмосферата и паѓаат на Земјината површина.

Иако последната понуда за метеоритот изнесувала 4,3 милиони долари, вкупната цена со вклучени трошоци достигнала 5,3 милиони долари.

Идентитетот на купувачот не беше веднаш објавен, соопштија од аукциската куќа „Сотби“.

Опишан како „неверојатно редок“ камен со црвеникаво-кафеава боја, метеоритот е едно од само околу 400 марсовски парчиња пронајдени на Земјата.

Тој е за 70% поголем од вториот најголем познат марсовски метеорит и претставува речиси 7% од севкупниот материјал од Марс што во моментов се наоѓа на нашата планета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın