свет

Мали морски желки од загрозен вид направија први чекори кон морето кај Мерсин

- Женките од овој загрозен вид морски желки секоја година излегуваат на брегот во овој дел на Турција за да ги положат своите јајца во песокот

Aida Cako  | 23.07.2025 - Обновена : 28.07.2025
 Мали морски желки од загрозен вид направија први чекори кон морето кај Мерсин

СКОПЈЕ

СКОПЈЕ (АА) - На плажата во крајбрежниот природен парк во градот Давултепе, во јужната турска област Мерсин, малите главести желки (Caretta caretta) ги направија своите први чекори кон Медитеранот по завршувањето на двомесечниот период на инкубација, јавува Анадолу.

Женките од овој загрозен вид морски желки секоја година излегуваат на брегот во овој дел на Турција за да ги положат своите јајца во песокот.

По околу 60 дена новородените желки излегуваат од гнездата и се упатуваат кон морето, следејќи го инстинктот што им овозможува опстанок.

Природниот парк во Давултепе претставува едно од значајните места за гнездење на главестите желки на турското медитеранско крајбрежје.

Местото е заштитено и постојано се следи од локалните власти и природозaштитниците што преземаат мерки за нивна заштита, особено за време на периодот на гнездење и излегување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.