свет

„Кафуле со чист воздух“ во Њу Делхи прибежиште за жителите од тешкото загадување

Во време кога квалитетот на воздухот во индиската метропола често достигнува алармантни вредности, ова кафуле полно со растенија се наметна како вистинско прибежиште за жителите што очајно бараат простор со поднослив и филтриран воздух

Aida Cako  | 03.01.2026 - Обновена : 03.01.2026
„Кафуле со чист воздух“ во Њу Делхи прибежиште за жителите од тешкото загадување Фото: Imran Shah/АА

ЊУ ДЕЛХИ (AA) – Во населбата Панчшил Парк, во јужниот дел на Њу Делхи, се наоѓа кафулето „Плантери“, кое меѓу жителите стана познато како „кафуле со чист воздух“ – место каде што граѓаните можат барем неколку часа да дишат прочистен воздух во индиската престолнина, која редовно се соочува со едно од највисоките нивоа на загадување во светот, јавува Анадолу.

Во време кога квалитетот на воздухот во индиската метропола често достигнува алармантни вредности, ова кафуле полно со растенија се наметна како вистинско прибежиште за жителите што очајно бараат простор со поднослив и филтриран воздух.

Според податоците на Централниот одбор за контрола на загадувањето на Индија, индексот на квалитет на воздухот (AQI) на 14 декември изнесувал 461. Вредности меѓу 201 и 300 се сметаат за „лоши“, од 301 до 400 за „многу лоши“, а интервалот од 401 до 500 спаѓа во категоријата „сериозно загадување“. Експертите предупредуваат дека ваквите нивоа негативно влијаат дури и врз здрави лица.

Загадувањето на воздухот е долготраен и сериозен проблем во Њу Делхи, а состојбата дополнително се влошува во зимските месеци.

Тогаш согорувањето на жетвените остатоци од земјоделците во околните региони, заедно со емисиите од термоелектраните на јаглен и многубројните индустриски капацитети околу градот, значително придонесуваат за зголемување на загадувањето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.