Катар ги повика граѓаните да останат во своите домови поради зголемени безбедносни закани
Катарското Министерство за внатрешни работи упати апел до граѓаните да останат дома или на други безбедни локации и подалеку од прозорци и отворени простори за да се осигури јавната безбедност
ИСТАНБУЛ (АА) - Катар денес соопшти дека нивото на безбедносна закана е високо и ги повика жителите да останат во затворени простории и да избегнуваат изложени подрачја, објави државната катарската новинска агенција КНА, пренесува Анадолу.
Катарското Министерство за внатрешни работи упати апел до граѓаните да останат дома или на други безбедни локации и подалеку од прозорци и отворени простори за да се осигури јавната безбедност, објави КНА.
Целиот регион е во состојба на висока тревога откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари, во која досега загинаа над 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американски воени бази, предизвикувајќи човечки жртви и штета врз инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
