Италијанската премиерка ги нарече антиолимписките демонстранти „непријатели на Италија“
Околу 10.000 луѓе излегоа на демонстрации против Олимписките игри Милано-Кортина во текот на викендот, протестирајќи против Олимпијадата и присуството на американски агенти на ИЦЕ во Италија
ИСТАНБУЛ (АА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа ги нарече антиолимписките демонстранти „непријатели на Италија“ поради жестоките демонстрации во текот на викендот, кога во земјата започнаа Зимските олимписки игри Милано-Кортина, јавува Анадолу.
„Илјадници и илјадници Италијанци работат токму во овие часови за да се осигурат дека сè ќе помине непречено за време на Олимписките игри (...). Потоа, тука се и тие: непријателите на Италија и на Италијанците, кои протестираат 'против Олимписките игри', осигурувајќи се дека овие слики ќе завршат на телевизиските екрани пред околу половина од светот - откако други ги пресекоа железничките кабли за да го спречат движењето на возовите“, напиша Мелони во објавата на социјалните мрежи, споделувајќи го известувањето на американските медиуми за насилните протести.
Таа изрази солидарност со безбедносните сили, со градот Милано и „со сите оние што ќе видат како нивната работа е поткопана од овие банди криминалци“.
Околу 10.000 луѓе излегоа на демонстрации против Олимписките игри Милано-Кортина во текот на викендот, протестирајќи против Олимпијадата и присуството на американски агенти на Службата за имиграција и царинска управа (ИЦЕ) во Италија, јави новинската агенција АНСА.
Според медиумите, на протестите избувнале судири откако група се одвоила од протесниот марш и фрлала предмети кон полицијата, која одговорила со средства за ограничување на движењето и водени топови.
По почетокот на Олимписките игри, серија сомнителни обиди за саботажа насочени кон железничките линии, исто така, го нарушија меѓуградскиот железнички сообраќај, особено на северот од земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
