свет

Бугарската привремена влада положи заклетва, парламентарни избори во април

Претседателката Илијана Јотова ги закажа парламентарните избори во земјата за 19 април

İlayda Çakırtekin  | 19.02.2026 - Обновена : 19.02.2026
 Бугарската привремена влада положи заклетва, парламентарни избори во април Фото: БТА

ИСТАНБУЛ (АА) - Привремениот премиер на Бугарија, Андреј Ѓуров и неговиот Кабинет положија заклетва денес пред Народното собрание, објави Бугарската новинска агенција, пренесува Анадолу.

Претседателката Илијана Јотова присуствуваше на церемонијата на положување заклетва.

Таа, исто така, ги закажа парламентарните избори за 19 април.

Минатата недела заменик-гувернерот на Бугарската национална банка, Андреј Ѓуров, го прифати мандатот за формирање привремена влада.

Бугарија е без редовна влада откако премиерот Росен Жељазков ја поднесе оставката на својот Кабинет на 11 декември 2025 година, по неколкунеделни протести.

Кон средината на декември претседателот ја започна уставната постапка за формирање нова влада, одржувајќи консултации со парламентарните групи од 51. состав на Народното собрание.

По три неуспешни обиди за формирање влада, од претседателот се бараше да назначи привремен кабинет и да закаже предвремени парламентарни избори во рок од два месеца.

Потоа поранешниот претседател Румен Радев поднесе оставка минатиот месец, пренесувајќи ѝ ги своите должности на потпретседателката Илијана Јотова.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.