свет

„Блумберг“: Според американското разузнавање, Мухамед бин Селман го одобрил убиството на Кашоги

Според американските медиуми, се очекува Националната управа за разузнавање денеска да го објави извештајот

Hakan Çopur  | 26.02.2021 - Обновена : 26.02.2021
„Блумберг“: Според американското разузнавање, Мухамед бин Селман го одобрил убиството на Кашоги

ВАШИНГТОН

Според извештајот на американското разузнавање, кој се очекува да биде објавен денеска, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, го одобрил убиството на новинарот Џамал Кашоги, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Блумберг“ (Bloomberg), заснована на лице кое го знае извештајот, но не сака да биде именувано, наодите во извештајот упатуваат дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, го одобрил убиството на новинарот.

Извештајот е подготвен главно од Централната разузнавачка организација (CIA), другите разузнавачки агенции и Националната управа за разузнавање (DNI).

Во извештајот е дојдено до заклучок дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, го одобрил убиството на Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во октомври 2018 година.

Според американските медиуми, се очекува Националната управа за разузнавање (DNI) денеска да го објави извештајот.

Од друга страна, во другите вести на американските медиуми на оваа тема се наведува дека Мухамед бин Селман, покрај тоа што го одобрил, ја дал и наредбата за убиството.

Новинарот Џамал Кашоги, колумнист во весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post) беше познат по своите критики кон престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман. Тој на 2 октомври 2018 година го посети Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и не излезе оттаму. Се покажа дека Кашоги бил убиен во Конзулатот, а неговото тело било исечено на парчиња.

Американскиот претседател Бајден вчера имаше телефонски разговор со кралот Селман од Саудиска Арабија, но во соопштението на Белата куќа не беа наведени детали дали е разговарано за убиството на Кашоги.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.