свет

Шефот на американскиот центар за борба против тероризмот поднесе оставка поради тековната американска војна во Иран

„Не можам да поддржам испраќање на следната генерација да се бори и да гине во војна што не му носи никаква корист на американскиот народ ниту, пак, ја оправдува цената на американските животи“

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 17.03.2026 - Обновена : 17.03.2026
Шефот на американскиот центар за борба против тероризмот поднесе оставка поради тековната американска војна во Иран

ХАМИЛТОН (АА) - Директорот на Националниот центар за борба против тероризмот на САД, Џозеф Кент, денес поднесе оставка, наведувајќи го како причина своето противење на тековната американска војна во Иран, јавува Анадолу.

„Не можам со чиста совест да ја поддржам војната што се води во Иран“, напиша Кент во писмото споделено на американската компанија за социјални медиуми Х.

Тој тврди дека Иран не претставувал непосредна закана за САД и оцени дека конфликтот е започнат под надворешен притисок.

Кент, кој е воен ветеран со 11 борбени мисии, се повика и на лична загуба, опишувајќи се себеси како „сопруг со златна ѕвезда“ („Gold Star husband”), чија сопруга го загубила животот во претходна војна.

„Не можам да поддржам испраќање на следната генерација да се бори и да гине во војна што не му носи никаква корист на американскиот народ ниту, пак, ја оправдува цената на американските животи“, напиша тој.

Понатаму, Кент упати критики до израелските официјални претставници и одредени американски медиумски личности, обвинувајќи ги дека ја довеле администрацијата во заблуда и повлекувајќи паралели со војната во Ирак.

„Истата тактика што Израелците ја користеа за да нè вовлечат во катастрофалната војна во Ирак, која нашата земја ја чинеше животи на илјадници наши најдобри мажи и жени. Не смееме повторно да ја направиме таа грешка“, истакна тој.

Обраќајќи му се директно на претседателот Доналд Трамп, Кент го повика да го смени правецот на дејствување.

„Може да го смените текот и да одредите нов пат за нашата земја или може да дозволите да потонеме уште подлабоко кон пад и хаос“, напиша Кент.

„Картите се во ваши раце“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın