свет

Јапонската нафтена компанија Енеос прекина да увезува нафта од Русија

Компанијата планира да ги замени руските нафтени залихи од повеќе различни региони, вклучувајќи го и Блискиот Исток

Övünç Kutlu  | 14.05.2022 - Обновена : 16.05.2022
Јапонската нафтена компанија Енеос прекина да увезува нафта од Русија

АНКАРА (АА) - Јапонската нафтена компанија Енеос престана да увезува нафта од Русија, објави руската државна новинска агенција Тасс, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Компанијата планира да ги замени руските нафтени залихи од повеќе различни региони, вклучувајќи го и Блискиот Исток, наведува Тасс.

Руската сурова нафта сочинува околу три отсто од вкупниот увоз на нафта во Јапонија.

Владите и големите компании од различни сектори низ светот најавија стопирање на работењето и повлекување од рускиот пазар од 24 февруари, откако Русија ја започна воената офанзива врз Украина.

Западните земји воведоа санкции и за стотици руски компании и поединци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.