Шефот на СЗО повикува на итен крај на „нехуманите услови“ во Газа
- „Воените упади и наредбите за евакуација во северна Газа предизвикуваат нови бранови на раселување, принудувајќи ги трауматизираните семејства да се преселат во сè помала област несоодветна за човечкото достоинство“, рече Гебрејесус.

ЖЕНЕВА (АА) - Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус денес повика на итен прекин на огнот во Газа, што ќе ги прекине „нехуманите услови“, јавува Анадолу.
„Воените упади и наредбите за евакуација во северна Газа предизвикуваат нови бранови на раселување, принудувајќи ги трауматизираните семејства да се преселат во сè помала област несоодветна за човечкото достоинство“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на американската платформа за социјални медиуми X.
Тој нагласи дека повредените и лицата со попреченост не можат да се преселат на безбедно место, што ги става нивните животи во „сериозна опасност“.
„Болниците, веќе преоптоварени, се на раб на колапс бидејќи ескалацијата на насилството го блокира пристапот и ја спречува СЗО да достави резерви што спасуваат животи“, рече тој, додавајќи: „Апелираме за итен прекин на овие нехумани услови.“
„Повикуваме на прекин на огнот“, заклучи тој.
Израелската армија продолжи со бруталната офанзива врз Појасот Газа, при што од октомври 2023 година уби повеќе од 65.000 Палестинци. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.
Независната меѓународна комисија на ОН за истрага на окупираната палестинска територија во вторникот потврди дека Израел извршил геноцид во Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.