Четири лица починаа од труење со јаглерод моноксид во Италија
Тројца полицајци кои влегле во домот за да пружат помош, наводно, претрпеле лесна интоксикација
ИСТАНБУЛ (АА) - Четири лица го загубија животот како последица на истекување на јаглерод моноксид во куќа во близина на Општината Поркари во градот Лука во северно централниот дел на Италија, пренесува Анадолу.
Италијанската новинска агенција АНСА рано утринава објави дека четири члена на едно семејство починале од труење со јаглерод моноксид, додека петтиот член бил однесен во болница жив, но во критична состојба.
Тројца полицајци кои влегле во домот за да пружат помош, наводно, претрпеле лесна интоксикација.
Семејството било од албанско потекло.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
