свет

Четворица работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во кинеската покраина Јунан

- Продолжуваат напорите за наоѓање и спасување на 3 работници заробени под урнатините

Emre Aytekin  | 25.12.2025 - Обновена : 25.12.2025
Четворица работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во кинеската покраина Јунан

ПЕКИНГ (АА) - Четворица работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во покраината Јунан, во југозападна Кина, известува Анадолу.

Според веста што ја објави Синхуа, експлозија на гас се случила во рудникот за јаглен „Дајинг“ во округот Џенсионг доцна синоќа.

Четворица работници кои работеле во делот од рудникот каде што се случила експлозијата ги загубиле животите, а не може да се стапи во контакт со тројца работници заробени под урнатините.

Во тек се напорите за пребарување и спасување. Започната е истрагата за несреќата.

Во Кина, иако бројот на несреќи се намали во последните години благодарение на зголемените инспекции, сè уште, одвреме-навреме се случуваат несреќи во рудниците каде што инфраструктурата е стара, а безбедносните прописи се несоодветни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.